Tешко повредено девојче при пад со мопед

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 17 часот на улицата „Сирма Војвода”, 15 годишно девојче од Охрид, управувајќи мопед „ханг лонг” со охридски регистерски ознаки, загубило контрола над мопедот и со него се излизгалo по коловозот.

Од падот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош било пренесено во болницата „Свети Еразмо” во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk