Русија ќе разговара со тимот на Трамп за сириската криза

Претходно американскиот Стејт департмент, кој до свеченото преземање на должноста на 20-ти јануари од страна на Трамп, уште го води администрацијата на Демократската партија, изјави дека во Вашингтон уште не добиле никаква официјална покана за средбата посветена на Сирија во Астна, но се во постојна контакт за оваа иницијатива со Турција и со Русија, но дека на републиканската администрација ѝ препорачуваат да учествува на нив, доколку им се даде можност.

Русија го повикала тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на мировните преговори за Сирија кои на 23-ти јануари ќе се одржат во казахстанската престолнина Астана, под нејзино и покровителство на Турција и Иран, заобиколувајќи ја всушност администрацијата на Барак Обама на заминување, објави во петокот вечерта The Washington Post.

Доналд Трамп прес

Според изворите на весникот, поканата била упатена преку рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кислјак, во текот на телефонскиот разговор со советникот на Доналд Трамп за национална безбедност, Мајкл Флин.

Истовремено соговорник на The Washington Post рекол дека во текот на телефонскиот разговор не била донесена дефинитивна одлука.

Претходно американскиот Стејт департмент, кој до свеченото преземање на должноста на 20-ти јануари од страна на Трамп, уште го води администрацијата на Демократската партија, изјави дека во Вашингтон уште не добиле никаква официјална покана за средбата посветена на Сирија во Астна, но се во постојна контакт за оваа иницијатива со Турција и со Русија, но дека на републиканската администрација ѝ препорачуваат да учествува на нив, доколку им се даде можност.

Идниот портпарол на Белата куќа, Шон Спејсер го потврди во петокот за медиумите телефонскиот разговор меѓу Флин и Килсјак, но рече дека се зборувало за „подготовка на телефонски разговор меѓу рускиот претседател (Владимир Путин) и избраниот претседател (Доналд Трамп) по неговото официјално преземање на должност“.

Преговорите во Астана треба да се одржат на 23-ти јануари, кој е и првиот работен ден за администрацијата на Трамп. Средбата во Астана треба да биде вовед во меѓусириските преговори кои во Женева на 8-ми февруари ќе се одржат под покровителство на Обединетите нации.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk