ВМРО-ДПМНЕ ја почнува кампањата со митинг на плоштадот во Охрид

Со митинг, кој по традиција се одржува во Охрид, опозициската ВМРО-ДПМНЕ утревечер ќе ја започне кампањата за локалните избори на 15-ти октомври.

штаб-ВМРО-ДПМНЕ

На митингот, кој е закажан за 19 часот, ќе биде претставен кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Митко Тилевски, како и советничката листа, предводена од д-р Кирил Пецаков.

Според најавите, на собирот на охридскиот плоштад ќе се обрати и партискиот лидер Никола Груевски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk