800 денари за влез на паркингот во центарот на градот

Никако да стивнат реакциите на граѓаните и туристите околу паркинзите. Најнова ситуација во која се вклучени туристите е тоа дека за влез во центарот на градот им се наплаќа одредена сума, во случајот тоа чини 800 денари.

Гостите револтирани од постапката за која според сите убедувања и на Локалната самоуправа и ЈП „Билјанини извори“ беше дека цената на паркингот ќе се намалува.

Згора на тоа може да се види како паркинг-просторот спроти Тинекс е речиси празен а на гостите им се наплаќа 800 денари според зонското-паркирање.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk