Скандал предизвикала сопругата на претседателот на СДСМ Охрид

Нов скандал во Охрид предизвикала сопругата на претседателот на СДСМ Охрид и сопcтвеник на хотелот „Лаки“, Лазе Танески. Танеска го пaркирала своето BMW во централното грaдско подрачје во Охрид на раскрсница и на пешачки премин.

„Кога полицијата интервенирала, Танеска се нафрлила врз полицајците упатувајќи им закани и погрдни зборови, повикуваjќи се на началници, министер итн. Веднаш пристигнала и друга единица на интервентни полицајци, но Танеска не можела да се помири дека таа како сопруга на првиот човек на власта во Охрид и за неа имало на важност закон“, пишува Доказ.мк.

По триесетминутна расправија со полицајците, Танеска добила налог за глоба.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk