Свикана единаесеттата седница на Советот на општина Охрид

Свикана единаесеттата седница на Советот на општина Охрид на 14.6.2018 година (четврток ) со почеток во 11 часот. На седницата на дневен ред се ставени следните точки:

Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за степен на ограничување на паркирање (зонско паркирање) во општина Охрид.

Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортски објекти и паркинг-простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“-Охрид бр. 02-480/4 од 14.05.20018 година.

Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортски објекти и паркинг-простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“-Охрид бр. 02-529/3 од 29.05.20018 година.

Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на специјализирани садови за собирање на отпад од пакување, сопственост на Општина Охрид на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид.

Предлог Одлука за определување на ширината на крајбрежниот појас на пороен водотек на дел од кп 3629/1, дел од кп 2752/2, дел од кп 2745/1, дел од кп 2753, дел од кп 2747/3, дел од кп 2746/3, дел од кп. 2745/4, дел од кп.2755, дел од кп 14, дел од кп 16, дел од кп 15/1, дел од кп 26/1, КО Елшани, Општина Охрид.

Предлог одлука за давање согласност на Планот за изменување на годишниот план за вработување за 2018 година.

Предлог-одлука за донесување на Правилник за субвенционирање (начинот и видот) на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност.

Предлог-одлука за прифаќање донација – Реконструкција на детска градинка „Развигорче“ – Охрид.

Предлог-одлука за формирање локален совет за превенција за подрачјето на општина Охрид.

Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“- Охрид.

Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈП „Градски гробишта“-Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk