Охриѓанката Ајше Хасан со златен медал на светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“

Четири златни медали освоија македонските ученици во исто толку категории на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија. Охриѓанката Ајше Хасан го предводеше македонскиот тим на натпреварувањето во Англија. Наградите се дотолку повредни што станува збор за натпреварување на кое учествуваа млади таленти од 40 земји од Европа, Азија, Африка, Америка и Австралија.

Ајше Хасан е матурантка во средното училиште „Јахја Кемал“ во Струга. После освоениот Златен медал на натпреварот во Кембриџ доби можност образованието да го продолжи на „Кингс“ колеџот во Лондон, Универзитетот „Манчестер“ или на „Бристол“ колеџот кои спаѓаат во групата сто најдорби во светски рамки. Хасан потекнува од охридско семејство со просечни примања и се надева дека ќе доби државна стипендија за да може да го продолжи своето образование на еден од универзитетите во Англија. Градоначалникот Јован Стојаноски денеска во својот кабинет ја прими Ајше Хасан честитајќи и го високиот успех.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk