Реал Мадрид испиша историја, старо-нов шампион на Европа

Реал Мадрид влезе во легендите на европскиот фудбал, бидејќи третпат по ред ја освојува Лигата на шампионите. Вчера го победија Ливерпул со 3:1. Првото полувреме заврши нерешено без голови, додека ќе се паметат солзите на Салах и Карвахал, кои беа повредени и принудени да го напуштат теренот пред време. На почетокот на второто полувреме, голманот на Ливерпул Кариус обидувајќи се да започне акцијата, со топката го погоди Бензема за 1:0, додека Ливерпул му одговори со Санион Мане за 1:1. Потоа на сцена се појави Герет Бејл кој постигне спектакуларен гол со ножички, а пет минути пред завршувањето на натпреварот, Бејл испрати силен удар, кој на Кариус му побегна и заврши во мрежата.

„Оваа сезона страдавме многу, но победивме во најважниот натпревар и ова е извонредно. Ние ги подготвивме сите можности за оваа игра и одигравме многу добро, особено во второто полувреме. Овој трофеј им го посветувам на моите играчи“, изјави Зинедин Зидан, тренер на Реал Мадрид.

„Примивме смешни голови, додека тој со ножички беше фантастичен. Во фудбалот треба среќа за да победите, но во оваа финале среќата не беше со нас, дури и против. Ние игравме како што знаеме, но потоа текот на играта доби друга насока, со судбината која не ни излезе во пресрет. Сакавме да освоиме се во оваа финале, но за жал не добивме ништо“, рече Јирген Клоп, тренер на Ливерпул.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk