Со низа свечености ќе се одбележи 24 Мај – Денот на сесловенските просветители

Со низа свечености ќе се одбележи 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. По тој повод, утре во 10 часот и 30 минути, во Домот на култура во населбата Кошишта ќе се одржи панахида за Светите браќа, а потоа концерт ќе одржи КУД  „Ѓердан“.

Во 11 часот пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе, потоа пред присутните ќе се обрати градоначалникот Јован Стојаноски, а свеченоста ќе заврши со доделување на награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта. Чествувањето на
денот на сесловенските просветители ќе заврши утревечер со концерт на растечката генерација македонски пијанисти, што ќе се одржи во црквата „ Света Софија“ со почеток во 19 часот и 30 минути.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk