Премиерно прикажување на филмот „И(с)ЗГУБЕНИ“ на Филмската академија во Охрид

Премиерно прикажување на краткометражниот игран филм И(с)ЗГУБЕНИ во режија на Антонио Вељаноски, во петок, 25 мај 2018 година, во 18:30 часот во амфитеатарот на ФИОФА (Филмска Академија – Охрид).

„И(с)ЗГУБЕНИ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот…“, информираат од „СТОРИ СКОП Продукција“.

Главните улоги во филмот ги толкуваат легендарниот чешки актер Јан Качер и позната чешка актерка Марие Дурнова.

Авторската екипа на филмот ја сочинуваат:

​Сценарио и ​Режија: Антонио Вељаноски; Директор на фотографија: Владимир Димоски; Сценограф и костимограф: Катерина Јирманова; Монтажа Лука Џикановиќ и Антонио Вељаноски; Композитор: Игор Василев Новоградска; Продуцент на сет: Зоран Вељаноски Летра​,​ Продуцент на филмот: Елена Станишева.

Филмот е во ко-продукција со ФАМУ и ФАМУ Студиото од Чешка и истиот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk