Двајца стружани извршиле серија тешки кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против две лица од Струга.

„Тие, казнените дела ги сториле во текот на март и април оваа година со користење подесен алат -хебла но и физичка сила при што отворале влезни врати од маркет, бутик и соблекувална на ОУ сите лоцирани во Струга. По влегувањето, пријавените вршеле пребарување и одземале мобилен телефон, лап-топ и облека“, информираат од СВР Охрид.

Со извршувањето на казнените дела, пријавените предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од околу 154.000,оо денари.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk