Осми протестен собир против носењето одлуки на штета на македонскиот народ и држава

Граѓанската иницијатива „Македонија пред с`е“ на 20.5.2018 г. (недела) на градскиот плоштад во Охрид во 12:00 часот ќе го организира осмиот по ред од серијата народни протестни собири против злоупотребата на државните институции од страна на власта и носење одлуки на штета на македонскиот народ и држава.

„Ние како граѓанска иницијатива бараме:
-Неменување на уставното име на Република Македонија со цел влез во НАТО и ЕУ
-Повлекување на насилно донесениот закон за јазици
-Поништување на таканаречениот договор за добрососедство со Бугарија
-Ослободување на сите притворени и осудени поради настаните во собранието на 27.4.2017“, велат од Граѓанската иницијатива.

Исто така од Иницијативата ја истакнуваат нивната благодарност и поддршка на претседателот Ѓорѓе Иванов за неговата одлука да не го потпише насилно донесениот закон за јазици.

„Затоа ве повикуваме сите,без оглед на вашата партиска припадност и идеолошка определба, да дојдете и заедно да кажеме едно големо НЕ на уцените и обидите за уништување на нашиот народ и држава. Со добра мисла и со Господ напред“, стои во соопштението на граѓанската иницијатива „Македонија пред с`е“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk