Децата од градинката „Билјана“ во посета на езерската полиција

Педесетина деца од детската градинка „Билјана,“ денеска ја посетија полициската станица за граничен надзор-Охридско Езеро. Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница, за безбеден езерски сообраќај и во заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро, како и за другите мерки и корисни информации поврзани со секојдневната работа, денеска најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор-самостојниот инспектор Миле Колески.

„Командирот заедно со тимот на езерската полиција и оделението за превенција предводено од началникот Миле Јаковчески, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската полиција“, информираат од СВР Охрид.

Најмладите, на денешниот едукативен час со виден интерес ги разгледаа полициските чамци и глисери, полициските скутери како и возилата и моторциклите што, останатите полициски службеници постојано ги користат во секојдневното извршување на другите работни задачи. Денешната посета на децата од градинката е планирана активност во рамките на проектот „Мојот пријател полицаец“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk