За Спасовден оро на сред село во Лескоец

Културно-уметничкото друштво „Фолклористи“, со поддршка од Месната заедница на село Лескоец организира настан со кој за првпат по долго време ќе биде збогатен празникот Спасовден.

Станува збор за неколку точки кои ќе ги изведат играорците од КУД „Фолклористи“, а на крајот се очекува сите да заиграат и едно заедничко оро. Настанот ќе го носи името „За Спасовден на сред село“ и ќе се одржи во четврток, на празникот Спасовден со почеток во 16:00 часот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk