Избран новиот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид

ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница донесе одлука со која е извршен избор на новиот состав на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Во новиот тим има математичари, правници, доктори, економисти, професори, луѓе од различни фели, кои се компетентни во овој момент енергично и беспоштедно да се спротивстават на погрешните политики на актуелната власт како на локално така и на централно ниво“, соопшштуваат од општинската ВМРО-ДПМНЕ.

Од Општинскиот комитет информираат дека тимот го сочинуваат лица кои претставуваат склоп на млади и искусни личности:

Сашо Донев – Претседател, Дипломиран Политиколог;
Лидија Тилева – Потпретседател, Доктор-Стоматолог Специјалист Ортодонт;
Јордан Пуроски – Потпретседател, Професор по информатички технологии;
Александар Китески – Секретар, Дипломиран правник;
Коста Трифуноски – Технички секретар, Дипломиран филолог;
Сашо Василески – Член, Пратеник, Доктор Специјалист Интернист;
Љубен Арнаудов – Член, Пратеник, Доктор Специјалист Гинеколог;
Љубинка Корабоска – Член, Дипломиран менаџер – Магистер по туризам;
Цветко Андреески – Член, Универзитетски професор;
Хари Шокароски – Член, Доктор Специјалист Анестезиолог-реаниматор;
Томислав Петровски – Член, Доктор Специјалист по ортопедска хирургија и трауматологија;
Славица Ќосеска – Член, Болничар;
Колчо Грозданов – Член, Доктор Специјалист Уролог;
Ангел Јанев – Член, Магистер за компјутерски науки и информатика;
Мишел Наумоски – Член, Адвокат;
Лидија Петкоска – Член, Дипломиран менаџер по туризам и угостителство;
Илија Арнаудоски – Член, Дипломиран по безбедност и финансиска контрола;
Ана Крстеска – Член, Магистер по дефектолошки науки;
Ѓоко Трпоски – Член, Дипломиран менаџер по царина и шпедиција;
Енес Рифат – Член, Електротехничар;
Маја Гугоска – Член, Дипломиран Професор по македонски јазик и литература;
Љубен Маркоски – Член, Машински техничар;
Александра Настоска-Николоска – Член, Дипломиран универзитетски инжинер по информатички науки и технологии;
Ристе Мишев – Член, Дипломиран менаџер по туризам;
Билјана Толевска-Стевоска – Член, Дипломиран инжинер по хемија;
Марија Јоноска – Член, Економски техничар;
Гоце Буџакоски – Член, Дипломиран менаџер по царина и шпедиција;
Билјана Коталески – Член, Дипломиран менаџер по осигурување;
Миле Шибакоски – Член, Дипломиран менаџер по царина и шпедиција;

Исто така дел од новиот Општински комитет ќе бидат и претставници на месните комитети и тоа:

Зоран Пазаркоски – МК Рача – Член, Дипломиран Правник;
Саше Здравески – МК Стар Град – Член; Дипломиран градежен инжинер;
Ѓорѓи Бошалески – МК Горна Влашка Мала – Член, Дипломиран менаџер по туризам;
Роберт Билбилоски – МК Велгошти – Член, Дипломиран менаџер по царина и шпедиција;
Борче Петкоски – МК Куратица – Член, Машински инжинер;
Игор Јовески – МК Железничка – Член, Дипломиран менаџер по туризам.

„Овој тим во идниот период ќе биде меѓу народот, ќе разговара и ќе ги слушне мислењата, потребите и проблемите на граѓаните на општина Охрид. Се разбира добредојдени ќе бидат и критиките за евентуални пропусти од минатото и ќе се извлече поука истите во идните да не се повторуваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk