Промоција на книгата „Викајте ме Естебан“ од Лејла Каламуиќ

На 16 мај во кафе „Аквариус“ ќе се одржи промоција на книгата „Викајте ме Естебан“ од босанската авторка Лејла Каламуиќ, во организација на Блесок. Авторката во мај престојува во рамки на резиденцијалната програма на проектот „Читајќи го Балканот“ (во организација на издавачката куќа „Готен“) поддржан од Европската Унија и од литературната мрежа Традуки. Книгата е објавена од страна на Блесок со финансиска поддршка на Традуки.

Првата промоција ќе се одржи во Битола, 14 мај во 12 часот во Хотел Театар во Битола, втората во Охрид, 16 мај во 20 часот во кафè Аквариус, а третата во Скопје, 21 мај во 20 часот во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофоните. На сите настани, книгата ќе биде промовирана од страна на Петар Андоновски и Ѓоко Здравески кој е и преведувач на оваа книга (збирка раскази).

Лејла е родена во Сараево во 1980 година, и сè уште живее таму. Дипломирала на Катедрата за филозофија и социологија. Авторка е на збирките раскази „Анатомија на насмевката“ и „Викајте ме Естебан“. Објавува проза, есеи и критика во списанијата и на веб порталите во Босна и Херцеговина и во регионот.

Извадок за книгата:

А потоа, доаѓа време на хартија да се истури она најмрачното, за секого и за сите барем по една приказна. И jас се фаќам како лесно читам за тие неjзини наjтешки моменти, кои Леjла Каламуиќ ги опишала. Силата на контрастот ме остава без здив… Парадоксално е дека за толку тешки теми, за самотиjата, за дивите рози, за прегратките во бескраjот на мракот, дупките во асфалтот, стравот од препуштање, како и за стравот од самиот страв, Леjла толку лесно пишува.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk