УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид со поклон за пратеникот Тунтев

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид со поклон за охридскиот пратеник Томислав Тунтев преку мислата „Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од с`е друго на светов“. Симболичниот поклон е книгата „За Македонцките работи“ од познатиот македонски деец Крсте П. Мисирков.

„Почитуван пратенику Тунтев,
Со единствена надеж дека ќе се одвратите од погрешниот пат по кој сте тргнале Ви посочуваме да имате храброст и да не се криете од народот како што ние имаме да се соочиме со Вас. Нека златната книга на македонизмот со која ве потсетуваме на заветите на нашите предци, одекне силно во Вас и доколку имате барем малку совест и доблест ќе ги послушате зборовите изустени од големиот Мисирков. Ви честитаме за тоа што ќе влезете во историјата како јагниња со презир под оквирот на едно општество за сите, за скапиот живот платен од народот, за налогот на Премиерот дрско спротивставувајќи се на честа на народот а со тоа уривање на достоинството на пратеник…“, порачуваат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk