„Жито Лукс“ со донација за ЈЗУ „Општа Болница“

Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Охрид доби донација од медицински апарати од Жито Лукс. На детскиот оддел се доставени апаратите за лекување на белодробни заболувања кај децата. Преку кампањата „Подарено од срце“ со секој купен леб на парчиња од Жито Лукс се одвојуваа средства наменети за набавка на медицинската опрема која ќе помогне за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми.

„Евидентно е дека од година во година расте бројот на деца со респираторни проблеми. Поради зголемениот број пациенти, здравствените домови кои лекуваат деца со белодробни заболувања се соочуваат со недостиг на медицинска опрема неопходна за навремен и правилен третман. Во овој дел бизнис секторот може да одигра значајна улога и затоа, нашата компаниска општествена одговорност ja насочивме кон подобрување на условите за работа на здравствени установи кои ги лекуваат токму овие заболувања кај децата“, вели Славица Кутаноска, од маркетинг секторот во Жито Лукс.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk