„Црвен крст“ ќе организира дефиле по повод Денот на планетата Земја

„Црвен крст“ од Охрид преку своите волонтери од програмата „Грижа за стари лица” по повод 22 април – Ден на планетата Земја, ќе организира дефиле со едукативен карактер, низ улиците на Охрид, со цел подигнување на свеста и свртување на вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас.

„Дефилето ќе започне на 22 април 2018 година, недела, во 11,00 часот од пред седиштето на „Црвен крст“, а поворката ќе се движи по улица „Димитар Влахов“, улица „Македонски просветители“, плоштадот „Крушевска Република“ (кај Чинарот), и ќе заврши кај Градскиот плоштад каде што најмладите волонтери од Браинобраин Програмата од „Црвен крст“ ќе продефилираат на модна ревија со модели изработени од пластични кеси и со пораки за заштита на животната средина од загадувањето што го предизвикува пластиката“, информираат од „Црвен крст“.

Учеството на дефилето е отворено за секој граѓанин кој ја почитува и сака природата.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk