Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на „Неделата на солидарност”, од 16 до 22 април 2018 год, под мотото „ВАШИОТ ПРИЛОГ-ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвен крст организира хуманитарна собирна акција.
Целта на акција е обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца.
ОХРИД 24




