Мицкоски: Aко за 48 часа Миновски не се извини, тогаш следува тужба

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил реагира по обвинувањата од генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски. Според Мицкоски, Конференцијата за медиуми на Миновски е наменета за одвлекување на вниманието од скандалите со коруптивните бизниси кои се склучуваат во четири очи во ЕЛЕМ.

„Миноски со лаги, клевети и измислени тези упатени кон мене сака да ја покрие вистината за тоа како најпрво поништуваат тендери, и наместо вториот најповолен понудувач со веќе објавена цена се избира иситата таа фирма, но овој пат со далеку повисока цена, и во договор во 4 очи, како се прави оглас за милионски тендери со услови кои може да ги исполни само една компанија, и како тие услови преку ноќ се менуваат само за да се покрие скандалот и ред други неправилности кои повлекуваат сомнежи за сериозен криминал“, пишува Мицкоски.

Мицкоски вели дека Миноски призна дека помалку произведуваат од истиот период лани и тоа за 10%, дека имаат прелив и притоа губат значителни количини електрична енергија и немаат развојна политика.

„Затоа колега Миноски ќе имате период од 48 часа да испратите јавно извинување за сите клевети и навреди што ги изнесовте денес, а притоа му нанесовте штета на мојот углед и чест или во спротивно сѐ што изнесовте денес ќе мора да го докажувате низ судска постапка. Одите во погрешен правец и ве советувам пола од енергијата која ја трошите да ме извалкате со невешто читање на напишани соопштенија да сработите нешто за доброто на татковината, за граѓаните, за ЕЛЕМ. За сите злоупотреби кои ги исполнувате за вашите нарачатели ќе одговарате и ќе одговарате многу скоро“, пишува Мицкоски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk