Промоција на книга на утрешниот протест на Градскиот плоштад

Граѓанската иницијатива „Македонија пред с`e“ на својот трет по ред народен собир ќе одржи и промоција на книгата „Име од светлина и рани“ на г. Ефтим Клетников, македонски поет,
книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач, која ќе се оддржи на 15.4.2018 во 12:00 на Градскиот плоштад во Охрид.

На промоцијатаќе се обрати лично господинот Клетников, придружуван од членови на здружението „Македонски манифест“.

„Присутните ќе можат лично да дебатираат со господинот Клетников во врска со неговата најнова книга како и истата да ја купат на лице место. Да живее унитарна Република Македонија“, информираат од Здружението.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk