Охриѓани го намачија Металург во второто коло од плеј-оф натпреварувањето

Ракометарите на Охрид и покрај добрата игра не успеаја да направат изненадување во натпреварот во Автокоманда. Металург којшто беше фаворит во дуелот со Охрид, сепак не ја имаше дочекуваната доминација во натпреварот и победи со 27-24. Првото полувреме заврши со 16-11, но во второто полувреме Охрид покажа карактер и ја врати неизвесноста во натпреварот.

Славиша Дамјаноски кај Охрид беше најефикасен со осум гола, а Кирил Колев имаше 12 одбрани, додека кај Металург со идентичен ефект беа играчот Филип Кузмановски и голманот Мартин Томовски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk