Jax Jones со настап на Ohrid Calling 2018

Од Авалон продукција го најавуваат гостувањето на една од најактуелните хаус ѕвезди во моментов, новиот хитмејкер Jax Jones на Ohrid Calling 2018, вечерта на Илинден, нa 2 август, помеѓу големите фестивалски настапи на Dimitri Vegas & Like Mike (на 1 август) и Armin van Buuren (на 4 август).

Авалон одлучи дека сите што ќе набават блок влезници за двата фестивалски денови (за 1 и 4 август), со истите да може бесплатно да присуствуваат на денот на настапот на Jax Jones на главната сцена на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Сите оние, пак, кои ќе сакаат да го гледаат само неговиот настап на Ohrid Calling, а немаат набавено блок влезници, тоа ќе може да го сторат со купување на влезници по многу популарни цени од: 500 денари партер и 700 денари за фан пит.

Jax Jones го запозна јавноста со синглот „You don`t know me“ кој молскавично одекна во светската музичка индустрија, се најде на врвот на сите топ листи и за кратко стана и огромен клубски хит.

На годинашните БРИТ награди овој млад диџеј доби и номинација за оваа песна и тоа во категоријата за „Најдобар сингл“. Неуморниот Англичанец неодамна ја објави и нумерата „Instruction“ со глобалната поп сензација Demi Lovato, а моментално е актуелен со „Breathe“ која ја освојува светската музичка сцена.

Влезниците за JAX JONES ќе бидат пуштени во продажба во сабота, од 9 часот наутро преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.

OХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk