Силјановска: Мораше да се расправа за амандманите за Законот за јазици

Професорката Гордана Силјановска Давкова како гостинка во Ноќно студио на ТВ Телма изјави дека се чувствува засрамено поради начинот на кој е изгласан Законот за употреба на јазиците при што не беа почитувани процедурите.

„Процедурата е гаранција за демократијата. Првото прекршување е уште на почетокот на процеспот, владата го испраќа предлог закон со европско знаменце, а за тоа мора да се наведе која европска директива со која се усогласува законот. Џафери требаше да го врати законот на влада поради европското знаменце на него. Требаше да се тргне европското знаме од него,затоа што тоа е важно за земји кандидати за да не се злоупотребува“, смета Гордана Силјановска Давкова.

Според неа, основа на демократијата е расправа за амандманите и за нив морало да се расправа. Силјановска вели дека во сите земји таа пракса се применува.

„При расправата по амандманите е најважно за да се види дали нешто е погрешно. Секој амандман треба да се разгледа посебно“, смета Силјановска.

Таа смета дека е пропуштен и 30-дневниот рок во кој треба да се изведе третото гласање во Собранието по вето од претседателот на државата.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk