Жители на Кичево продавале дрога

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Кичево и Л.Ф.(24) од село Мамудовци, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неoвластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

„Одделот за крим полиција во содејство со Секторот за внатрешни работи Охрид и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево по претходно добиени сознанија дека две лица вршат продажба на наркотична дрога кокаин, на 12 март изврши претрес во домот на двете пријавени лица во Кичево, каде двајцата живеат под наем“, соопшти МВР.

При извршен претрес во домот пронајдени се и 6.660 евра за кои постојат сомненија дека потекнуваат од продажба на наркотичната дрога кокаин.

„На влез во зградата од слобода е лишен А.А. кај кого се пронајдени 22 пакувања кокаин, додека при влегувањето во станот од страна на неговата девојка Ф.Л. бил даван отпор и таа ги спречувала полициските службеници во вршењето на службени дејствија. Дополнително таа успеала на кровот од соседната зграда да исфрли повеќе пакувања со наркотична дрога кокаин кои подоцна биле обезбедени“, стои во соопштението од МВР.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk