Пецаков: Дали СДСМ сака да ги доведе пазарџиите до питачки стап?

Локалната Власт предводена од СДСМ секој ден ги носи охриѓани с`е поблиску до бездна. Животот е со поскапување, реформите се со повисоки цени. Видливи се зголемените трошоци и нема никаво подобрување на животнииот стандард и услови за граѓаните. Ова го изјави на денешниот прес Кирил Пецаков, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Охриѓани плаќаат поскап дизел, зголемени се цените на производите и јавниот градски превоз, зголемена е цената на водата, а поскапеа сметките за Нискоградба. Управниот Одбор на ЈП „Градски Пазар“ на седницата одржана на 23.2.2018 носи скандалозна одлука со која утврдува зголемување висината на услугите за тезги за продажба на земјоделски и занаетчиски производи“, рече Пецаков.

Тој праша дали СДСМ свесно бара начини како повеќе да собира од граѓаните и сака да ги доведе пазарџиите до питачки стап, знаејќи дека и со новиот закон за зелени пазари имаат нови давачки за да набават лиценца, да платат паушален данок како и придонеси.

„Се зголемува надоместокот за користење под закуп тезги, дневниот надоместок за користење на тезгата за еден ден, штандови, а најголемо зголемување има кај деловните простори за цели 71.8%. Повисоките цени на закуп на тезгите кои ќе ги плаќаат пазарџиите, за разлика од порано, автоматски ќе ги поскапат и цените на производите кои охриѓани треба да ги купат“, рече претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека неговата партија бара да се поништи одлуката за поскапување на услугите што ќе се наплаќаат на тезгаџиите под секакво достоинство и стандард и да се врати стариот ценовник во интерес на граѓаните на Охрид.

„Се враќа ли времето кога општински претпријатија стануваат сопственост на мал број криминално–бизнис кланови блиски токму до СДСМ? Охриѓани се излажани и изманипулирани. Од СДСМ ја очекуваат доизградбата на затворениот зелен пазар а СДСМ донесе стагнација и беда. Загрижува фактот што трошоците за живот се зголемуваат од месец во месец. Со раст на трошоците за живот сериозно се загрозува животниот стандард на охриѓани“, додаде Кирил Пецаков на денешната прес конференција.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk