Утре протест пред ЕВН за поголемо инвестирање во електричната мрежа

Месната заедница на село Куратица во среда со почеток од 12 часот организира протест пред седиштето на ЕВН во Охрид.

Како што велат организаторите, многу села од поранешна коселска општина за време на зимските месеци остануваат со денови без напојување со електрична енергија. Целта на протестот е да им се препорача на ЕВН да инвестираат во мрежата и да се стави крај на нивната несериозност.

Планинарно е да се достави и писмено барање до ЕВН за санирање на катастрофалната состојба на мрежата и рокови за нејзино оспособување.

Од МЗ Куратица ги повикуваат сите кои го поддржуваат протестот да им се приклучат.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk