Доизградбата на автопатот Кичево-Охрид доведена во прашање

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид има сериозни проблеми бидејќи кинеската компанија „Синохидро“ бара нови средства.

„Имаме две опции или да го раскинеме договорот со нив или да го продолжиме и да издвојуваме нови средства“, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година и требаше да биде готов во јануари годинава.

„Рокот за изградба на автопатот ќе се пролонгира за уште три години, но с`е уште се чека на потпишувањето на анексите за продлолжување на рокот за градба и за дополнителната сума што треба да се исплати“, најавуваат од Владата.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk