Локалната започна со имплементација на проектот IRC-HERMES

Европските партнери ја започнаа имплементацијата на Проектот “Interregional Cultural Heritage Management e- System” (IRC HERMeS) со првата заедничка работна средба која се одржа во Лимасол, Кипар.

На првиот состанок на проектните партнери од Општина Охрид присуствуваа Антонио Балески и Ѓорѓи Трпески (проектен тим на Општина Охрид). Покрај активностите во согласност со Агендата на оваа работна средба, Општина Охрид имаше и своја презентација за Охрид и неговото значење како светско природно и светско културно наследство.

Проектот IRC- HERMES е дел од програмата Interreg Balkan- Mediterranean на Европската Унија, кој опфаќа пет земји и четири места од УНЕСКО и тоа: Охрид од Македонија, Крф и Самос од Грција и Ѓирокастра од Албанија. Водечки партнер на проектот е Универзитетот за технологија од Кипар. Партнери во проектот: Општина Охрид, Општина Крф, Општина Самос, Општина Ѓирокастра, како и истражувачки центар од Атина и организација за култура.

Главна цел на проектот е: дигитализација на културното наследство, промоција на културното наследство, развој на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk