Охриѓанец го погодил најголемиот коефициент во историјата на „Моцарт“

70-годишен охриѓанец го погоди најголемиот коефициент во историјата на обложувалницата „Моцарт“, пренесува Спортски.

Тој вчера составил тикет од пет типови (полувреме-крај). Охриѓанецот се обложил на натпревари од втората холандска лига и го погоди најголемиот коефициент во историјата на обложувалниците Моцарт – 847.000!

Тој на вложени 20 денари стигна до добивка од 5 милиони денари или 80.508 евра.

Во продолжение погледнете го тикетот на овој 70 годишник.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk