Мерлина Ислами назначена за портпаролка на СВР Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид за првпат ќе добие жена портпаролка. Оваа информација вчера ја објави заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу кој на својот Фејсбук профил се пофали дека МВР поставило шест жени Албанки на позицијата портпароли.

Мерлина Ислами ќе биде портпаролка на СВР Охрид, а таа доаѓа на местото на Стефан Димоски кој оваа функција ја извршуваше од 2008 година.

„Ние сме за почитување на албанските жени и за сите оние кои придонесоа за институционализација на Охридскиот договор во уставно-политичкиот систем на Македонија“, напиша заменик министерот Нухиу во својот вчерашен фејсбук статус по повод Денот на жената – 8 март.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk