12 Фестивал на фризура, мода и убавина „HAIR FAIR 2018” во Охрид

На 25 и 26 март во хотелот „Aqualina“ ќе се одржи 12 Фестивал на фризура, мода и убавина „HAIR FAIR 2018” во организација на Македонската фризерска асоцијација. На фестивалот учество ќе земат престижни фризерски имиња од Европа.

„25-ти март е натпреварувачки ден каде што учесниците ќе се натпреваруваат во следните дисциплини: Машко потстрижување, Женско потстрижување, Пунџа на долга коса, Невестинска фризура и фризура Фантази. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, следуваат шоу-перформанси на фризери од фризерските клубови од повеќе македонски градови“, информираат од организацијата.

На 26-ти март со свои шоу-перформанси ќе се претстават најдобрите фризери-стилисти од Италија, Белгија, Холандија, Турција, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk