Стојаноски на средба со претставници од Светскиот совет за одржлив туризам

Како дел од континуираната соработка со СВИСС – ИМЕ програмата во областа на стратегиски развој на Охрид како туристичка дестинација, градоначалникот Јован Стојаноски имаше работна средба со претставниците на СВИСС – ИМЕ програмата како и со експерт од Светскиот совет за одржлив туризам – Global Sustainable Tourism Council (GSTC), Др. Михи Кан.

Светскиот совет за одржлив туризам ги поставува и управува со глобалните стандарди за одржлив туризам, познати како критериуми за GSTC. Разговорите се водеа во контекст на подготовка на Стратегија за одржлив развој на туризмот во Општина Охрид, а како воведни активности се за критериумите за дестинација на носители на јавната политика и дестинациски менаџери, критериуми за индустрија за хотели и тур-оператори, за водечки принципи и минимални барања кон кои треба да се стреми кој било туристички бизнис или дестинација со цел да ги заштитат и одржат природните и културните ресурси, а во исто време да се стимулира туризмот да ги задоволи своите потенцијали како алатка за зачувување и намалување на сиромаштијата.

Др. Михи Кан во Охрид престојува неколку дена со цел да ги запознае носителите на туристичкиот развој со стандардите за одржлив туризам и да помогне да се направи првична проценка на дестинацијата – Охрид каде директно ќе добиеме препораки за наредните чекори за аплицирање кон некоја марка за еколошка, економска или социјална одржливост на Охрид.

Со поддршка на двете програми, ИМЕ и SIPPO, во периодот 16-17 мај 2018 ќе се одржи дводневна обука за одржлив туризам, наменета за претставниците на јавните институции и организации, приватниот сектор и други организации вклучени во процесот на управување со туристички дестинации во Македонија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk