Се одложува програмата „Кембриџ“ и се воведува италијански како втор странски јазик

Следната учебна година учениците нема да учат по програмата „Кембриџ“, информираат од Владата на РМ.

„Од областа на образованието министрите на денешната седница ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2019-2020 година, односно на програмата „Кембриџ“, стои во соопштението.

На седницата беше донесена и одлука за воведување италијански јазик во основно и средно образование како можност за втор странски јазик.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk