Шампионски старт на ХВА РАНГ ИТФ во новата натпреварувачка сезона

Теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец од Охрид изминатиот викенд учествуваше на меѓународниот теквондо ИТФ А класа турнир „Србија опен 2018“, во Суботица, соседна Србија.

На турнирот учествуваа натпреварувачи од 34 клубови од вкупно 14 земји, каде имаше натпреварувачи од  Украина, која е трета светска сила во ИТФ таеквондо, Бугарија која е четврта светска ИТФ сила, Словенија, Словачка, Чешка, Аустрија, Унгарија, Хрватска, Бих, Србија,Романија, Италија, Македонија, Грција, каде учествуваа неколку светски и европски актуелни шампиони, со што го направија овај турнир многу квалитетен.

Од ХВА РАНГ ИТФ велат дека многу земји го искористиле овој турнир за да ги проверат своите репрезентации за следното Европско во Талин, Естонија.

„Ние го тестиравме нашиот репрезентативец Филип Јосифоски, кој ќе не претставува на европско и премногу сме задоволни што во својата категорија во борби го освои второто место, при што загуби од актуелен светски вицешампион Антон Огорелков, репрезентативец на Бугарија. Јосифоски во регуларното време извади нерешено, а загуби во продолжението со тесна разлика. Тој во Про теквондо се бореше со актуелен светски шампион Рами Шау, истотака репрезентативец на Бугарија, а на мечот загуби исто така со тесна разлика, што ветува за добар пласман на Европското првенство во Талин“, вели Марјанчо Лазаревски, тренер на ХВА РАНГ ИТФ.

Од клубот потенцираат дека настапиле со 17 натпреварувачи, од кои 3 дебитанти и успеале да освојат вкупно 21 медал, од кои 4 златни, 4 сребрени и 13 бронзени медали.

Освојувачи на медали  се:

-Филип Јосифоски ,       2 место-сребро борби -64 кг сениори,

3 место-бронза форми црн појас II дан.

-Миле Климоски,             1 место-злато форми црвен појас сениори.

-Јане Димов,                      1 место-злато  форми зелен појас јуниори 16-17 години,

3 место-бронза борби +75 кг јуниори 16-17 години.

-Антонио Јанески,           1 место- злато форми зелен појас јуниори 14-15 години.

-Божидар Димитриевиќ, 3 место-бронза     борби +70 кг јуниори 14-15 години.

                                                     3 место -бронза  форми син појас јуниори 14-15 години,

-Анастасија Велјаноска,  3 место- бронза борби -60 кг јуниорки 14-15 години,

2 место-сребро форми жолт појас јуниорки 14-15 години.

-Ангела Велјаноска,          3 место- бронза борби -55 кг јуниорки 14-15 години,

3 место-бронза форми жолт појас јуниорки 14-15 години.

-Христијан Митрески,    2 место -сребро  форми син појас јуниори 14-15 години,

                                                   3 место-бронза    борби +70 кг јуниори 14-15 години.                                                                                                                                                                               

-Елена Јанеска,                  1 место-злато  борби +40 кг девојчиња 10-11 години,

                                                  3 место-бронза жолт појас девојчиња 10-11 години.

-Давид Велковски,           3 место-бронза борби -60 кг. Јуниори 14-15 години.

-Филип Трифуноски       3 место борби -55 кг кадети 12-13 години.

-Стефан Каланоски         3 место-бронза форми зелен појас  јуниори 14-15 години.

-Давид Крстески              2 место-сребро борби, -35 кг. деца  10-11години,

3 место –бронза форми син појас деца  10-11години.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk