Малолетник украл акумулатори и нафта од села во Дебрца

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.П.(17) од Охрид.

„Тој, казнените дела ги извршил во периодот октомври -декември минатата година во селата Злести и Песочан, општина Дебарца користејќи подесена алат и прибор, но и физичка сила. Пријавениот, во селото Злести извршил две тешки кражби одземајќи два акумулатори, едниот поставен на земјоделска машина-трактор, а вториот оставен во помошна просторија каде успеал да влезе со насилно кршење на катинарот од влезната врата“, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Пред крај на минатата година, пријавениот со алат и со физичка сила насилно отворил и отстранил еден прозорец од контињер-магацин поставен на магистралниот пат Охрид – Кичево, сопственост на АД фабрика „Карпош – Скопје“ од каде одзел 150 литри нафта, брусен камен и еден акумулатор.

Со извршувањето на трите казнени дела „тешка кражба“, пријавениот Ф.П. се стекнал со противправна имотна корист од околу 20.000,оо денари.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk