Елшанци ги претставија своите барања пред тим од локалната самоуправа

Тим на локалната самоуправа предводен од секретарот Игор Бежоски вечерва оствари средба со жителите на Елшани.

Елшанци ги претставија нивните барања, меѓу кои приоритетно побараа да се реши: реконструкција на основното училиште „Св. Наум Охридски“, решавање на проблемот со речното корито на Елшанска река, нужно проширување на делови од патот Елешец-Елшани, изградба на потпорни ѕидови, изградба на спортско игралиште и други барања.

Од страна на локалната самоуправа беа нотирани барањата и беше ветено дека согласно буџетот на Општина Охрид и планирањето ќе бидат земени предвид барањата на елшанци, а како прв приоритет за оваа година ќе се изврши санација на таваните на училиштето и ќе бидат изградени потпорните ѕидови во критичните места во селото.

Ваквите средби, посочија од локалната, се од корист и за месното население и за Општина Охрид, бидејќи на овој начин ќе се знаат приоритетните барања во секое населено место.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk