ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на Бакрачески Охрид доживеа процут

СДСМ сака да ги убеди охриѓани кои се со голема свест и разум дека сите години додека тие биле на власт граѓаните цело време сонувале. Охриѓани се мудри и знаат дека осум години СДСМ владееше и дивееше во Охрид, а Вие се дрзнувате да ја манипулирате јавноста. Факт е дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и д-р Никола Бакрачески изминатите 4 години Охрид доживеа ренесанса, процут, за сега повторно да биде вратен назад во мрачното време, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ.

„Додека изнесувате невистини и лаги треба да објасните зошто полициските резервисти се избркани од работа, и на новите лица да не им го затскривате криминалното досие. СДСМ не го интересираат граѓаните. Така дојдоа на Власт со притисоци и закани така и ќе си заминат. Начинот на кој се однесуваат покажува дека единствена цел им е ослободување на работни позиции, на кои веднаш треба да се вработат луѓе од СДСМ“, велат од партијата.

Докажаа, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, дека секој кој работи чесно и достоинствено а не е нивен истомисленик ќе биде ставен во функција на одмазда а сите останати под притисок пред с`е и над с`е во функција на партијата.

„СДСМ во Охрид е синоним за криминал и грабеж, недомаќинско работење, пустош на економијата и уништување на цели семејства. Ваквиот начин на владеење на СДСМ, со политички прогони и реваншизам на неистомисленици, со бркање од работа на охриѓани заради исполнување партиски агенди, ќе им се удри од глава. За тоа како владее СДСМ и што значи партиска книшка и непотизам наредните денови ќе се запознае целата охридска јавност“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk