Охридскиот градоначалник во работна посета на Софија

Охридскиот градоначалник Јован Стојаноски оствари работна посета на Софија, Република Бугарија, информираат од локалната самоуправа.

Во рамки на еднодневниот престој, градоначалникот Стојаноски имаше работна средба со градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова.

На состанокот беше присутен и заменик градоначалникот на Софија, Тодор Чобанов кој е задолжен за култура, едукација, спорт и туризам и ЕУ фондови. Од двете страни беше изразена волја за продлабочување на соработката и искористување на стручна помош од бугарска страна за искористување на ЕУ Фондови.

Заеднички беше заклучено дека Бугарија како членка на ЕУ има големо искуство за користење на ЕУ фондовите, а тоа искуство ќе биде од голема помош за општина Охрид. Градоначалничката Фандакова вети голема ангажираност и партнерство во останатите општински проекти при користење на ЕУ Фондовите.

Во рамки на престојот во Бугарија , градоначалникот Стојаноски ги посети учениците од СОСУ ”Св. Кирил и Методиј” кои во рамки на “Me Doctor” проектот од “Erasmus +” програмата се на неколкудневна пракса во софиската универзитетската болница „Александровска“.

Градоначалникот беше примен од бордот на директори на болницата предводен од извршниот директор проф. д-р Костадин Ангелов. Раководството на болницата изрази огромно задоволство од остварената соработка, квалитетот и посветеноста на учениците.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk