Комуналците го расчистуваа снегот по охридските улици

Од ЈП „Охридски комуналец“ информираа дека сите нивни оперативни групи  се на терен уште од вчерашните попладневни часови за справување со интензивните снежни врнежи.

Делувано е со сета расположива механизација, работна сила и ресурси: во повеќе наврати се расчистуваа коловозите, јавните пешачки површини, пристапни патеки и степеници.

Но интензивните врнежи и специфичниот снег повторно формираа покривка.

Се расчистуваа и патиштата до повеќе приградски населби, а екипите на „Паркови и зеленило“ во текот на ноќта ги расчистуваа скршените гранки и дрвја на повеќе локации: близнина на Горна Порта, на ул. „7-ми Ноември“, булевар „Туристичка“ и стариот пат кон Струга (во близина на „Св.Еразмо“).

Со расчистување на снегот од јавните површини ќе се работи интензивно во текот на денов, како би им обезбедиле на граѓаните непречено движење.

ОХРИД 24

 
Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk