Охридскиот градоначалник на средби со жителите од УЗ „Горна влашка маала“

Градоначалникот Д-р Јован Стојаноски, претставници од секторите за урбанизам и комунален развој и директорите од јавните претпријатија, „Охридски комуналец“ и „Водовод“, синоќа во ОУ „Христо Узунов“ имаа средба со жителите од УЗ „Горна влашка маала“.

На собирот се разговарало за проблеми од комуналната и урбана сфера, изградба и реконструкција на улици како и отворање на пристапни патишта. Жителите од оваа урбана заедница ја добиле поддршката од градоначалникот Стојаноски за стопирање на постапката за поставување базна станица на мобилен оператор на приватен објект во непосредна близина на ОУ „Христо Узунов“, информираат од локалната самоуправа.

Во рамки на предвидените собири со граѓани,градоначалникот со надлежните служби денеска ќе имаат средби со жителите од УЗ „ Гоце Делчев“,со мештаните од МЗ Рамне и УЗ„Радојца Новичиќ“ .

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk