Грузиец разменил фалсификувани евра во струшка менувачница

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“ и „фалсификување пари“, шполициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(69) од Грузија.

„Пријавениот, казнените дела ги сторил на седми ноември минатата година во една менувачница на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тој, на вработениот во менувачницата му побарал да размени пари во вкупен износ од 60.000,оо евра. При размената на парите, пријавениот искористил прилика и на вработениот му вратил во плик фалсификувани евра (во износ од по 500 евра), а потоа си заминал“, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Во моментот на размената на пликоата со пари, вработениот не ја забележал измамата но по извесно време, тој ги проверил парите и притоа утврдил дека се фалсификат.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk