Ја турнал по скали сопругата и ѝ се заканувал дека ќе ја убие

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,загрозување на сигурноста при семејно насилство”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (40) од Охрид.

Тој, казненото дело го сторил во текот на мај и декември минатата година со психичко и физичко малтретирање на неговата сопруга.

При семејна вербална расправија случена на четврти декември минатата година, пријавениот и упатил сериозни закани на сопругата по што ја турнал по скалите во семејната зграда каде што живееле. Притоа, Ј.К. продолжил да и се заканува со убиство доколку веднаш не го напушти семејниот дом.

OХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk