Градската библиотека со пригодна програма за „Прличеви беседи“

Од НУ Библиотека „Григор Прличев“ информираат, дека во рамки на културната манифестација „Прличеви беседи“, на 6.2.2018, вторник, во 11.30 часот, пред бистата на поетот Григор Прчичев, ќе биде положено цвеќе. Беседа за Прличев ќе одржи поетот Разме Кумбароски од Друштвото на писатели на Македонија.

Истиот ден, во националната установа библиотека Григор Прличев, во 13 часот ќе биде промовирана книгата „Сага за Охрид“ од новинарката Валентина Нелоска, по што ќе се одржи традиционалната Охридска визита.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk