Изложба на фотографии „Колатографија“ во кафе бар „Шила“

Во охридскиот кафе бар „Шила“, во петок ќе се одржи изложба на фотографии во колажна техника со наслов „Колатографија“, со почеток од 19 часот.

Автори сe младата охриѓанка Есма Ќазим – модна дизајнерка во подем, позната во Македонија и регионот и египетскиот фотограф Махмуд Сами Рамадан. Значаен улога околу подготовките и логистиката има либанскиот филмски режисер Салма Дајби.

„Колатографија“ преставува спој на талентот на двајцата артисти и сликовито сведочи за убавината родена од судирот на визуелните уметности. Изложбата ќе биде поставена три дена и преставува уште еден во низата квалитетни културни настани организирани во овој концептуален кафе-бар кој сѐ повеќе се истакнува како алтернативна арт сцена во Охрид.

Махмуд Сами Рамадан е роден 01.04.1995 год во Александрија, Египет. Од 2015 студира и работи во Охрид. Дипломирал мултимедиа и дизајн при Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” Охрид,. Моментално е на мастерс студии за кинематографија на Институтот за филм, Филмска академија Охрид. Член е на фото-клубот “Охрид“ во чии рамки ја имаше својата прва изложба во Македонија во Април 2017 год.

Есма Ќазим e родена 26.07.1994 во Охрид. Дипломирала на Европски Универзитет-Скопје, Факултет – Арт и Дизајн, Отсек – Моден дизајн. Има реализирано три изложби во Скопје,три ревии во Скопје, две ревии во Белград и една ревија во Хрватска. Исто така хоби и семејна традиција и е и креирање накит.

Не го пропуштајте овој несекојдневен настан и прилика да се запознаете и поразговарате со авторите.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk