ВМРО-ДПМНЕ до Ногачески: Со лага ага не се станува

Господинот Ногачески очигледно сака да ја лаже јавноста дека е чесен и поштен, но очигледно човекот е патолошки лажго и продолжува да ја замајува јавноста, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.

Нема да одиме многу подалеку, Ногачески во неговата последна реакција на фејсбук, пред само неколку часови, напиша „Но нејсе. Уште еднаш за нивните лаги. Ногачески ниту го возел, ниту ќе го вози службениот џип по работното време”, со оваа изјава повеќе од било кога го допре дното, повторно докажувајќи ја неговата лицемерност и фолирантство, се вели во соопштението.

„Како што рековме дека ќе ја следиме неговата работа и ќе ја известуваме јавноста бидејќи таа тоа го заслужува. Почнуваме со објавуваме слики од службениот Џип со кој се вози господинот Ногачески во доцните вечерни часови по охридските улици, а тој нека објасни каде оди и за какви цели го користи службениот џип. Бидејќи со лага ага не се станува“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата му порачуваат на Ногачески дека „времето за лаги ви помина граѓаните на Дебрца си го чекаат ветеното.“

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk