Охридски еснаф: Незадоволни сме од одлуката за поскапување на закупот за над 60 %

Охридските угостители се незадоволни од Предлог одлуката на Советот на Општина Охрид во врска со новите тарифи за поставување урбана опрема и начинот на нивно спроведување.

Навестено е и поскапување на закупот на простор за преку 60 проценти.

Со цел таквата предлог одлука да биде стопирана пред закажаната седница на Советот, Здружението „Охридски еснаф“ со писмено барање доставено до Советот бара работна средба со надлежните, на која би се продискутирале, разјасниле и образложиле точките наведени во истата.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk