Четворица повредени во сообраќајка кај Песочан

Четири лица од кои еден потешко се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на патот Охрид-Кичево во близина на селото Песочан.

Како што информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, еден од повредените е префрлен во специјалната болница Св. Еразмо Охрид, додека тројца се во охридската општа болница.

Во сообраќајната незгода учествувале две патнички возила со охридски регистарски таблички: форд и застава 101.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk