ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до верниците по повод Богојавление-Водици

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици.

„На денот кога ги осветуваме нашите води најискрено да посакаме во нашите срца да се вселат мирот, хармонијата и разбирањето, трпението и милосрдието. Денес сите македонски води се богојавленски води, да празнуваме и да се радуваме на денот кога Бог не приближи кон себе и ни дари нов живот.

Исусовото крштевање е симбол на духовното раѓање и почеток на човековото живеење во верата и богоугодниот пат. Славејќи го Христовото крштевање да го прославуваме и нашето духовно раѓање и да ја потврдиме смислата на нашите животи. Да нè поттикнува да се пронајдеме во верата, да го сочуваме и продолжиме христијанското учење за покајанието и прочистувањето, за љубовта, трпението и милосрдието.

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник- Богојавление – Водици. Бог се јави“, се вели во честитката на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk